Политика на приватност
- Вовед
Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува приоритет за ВАШ ПРИЈАТЕЛ АД Прилеп. Начелата за заштита на личните податоци кои се подетално разработени во Задолжителните корпоративни правила за заштита на приватноста на ВАШ ПРИЈАТЕЛ АД Прилеп.
- Главен дел
ВАШ ПРИЈАТЕЛ АД Прилеп како членка на Агенцијата за супервизија на осигурување, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.
Со цел да го промовираме воспоставениот концепт за заштита на приватноста во ВАШ ПРИЈАТЕЛ АД Прилеп и да го појасниме начинот на кој вршиме обработка на личните податоци на посетитетелите, при нивната посета или регистрација на нашата интернет страница ја изготвивме оваа Политика за приватност.
Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашите интернет страници.
Собирање и обработка на Вашите личните податоци
Кои лични податоци ги обработуваме?
При посетата на страницата, Друштвото ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации), само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете со цел користење на нашите услуги и производи. Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот за on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата, преку кои се врши лична идентификација на клиентот. Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот со цел за изготвување на понуди за осигурување. Оваа политика се однесува на начинот на кој Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот при посетата како и on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата.
Вашата приватност нема да биде загрозена.
Вашите лични податоци ги обработуваме само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашите интернет страници заради користење на наши производи и услуги (на пр. плаќање на премија, електронски нарачки, анкети, наградни игри) согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
Сите вработени во ВАШ ПРИЈАТЕЛ АД Прилеп се обучени да обезбедат целосна заштита и тајност при ракување и обработка на Вашите лични податоци. Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во со закон утврдени случаи.
За кои цели?
Вашите лични податоци ги обработиваме со цел да Ви овозможиме online користење на нашите производи и услуги.
Притоа, Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
- Да ја обезбедиме бараната услуга, при што се идентификува корисникот;
- Да обезбедиме известување за промена на условите и тарифите, воведување на нов вид продукти за клиентите;
- Да се обезбеди мислење од клиентите во врска со видовите на осигурување кои ги нуди Друштвото и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до клиентите;
- Да се олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информации при јавување од страна на клиентите во врска со видовите на осигурување;
- Реализација на наградни игри и други промотивни понуди;
- Да се разгледа можноста за евентуални вработувања доколку клиентите се обратат или аплицираат за работа преку веб-страницата на Друштвото;
- Помош при појава на проблем при користењето на производите и услугите,
- Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна изречна согласност .
Во случај на електронско плаќање за on line полиса за осигурување, Друштвото нема пристап до податоците во врска со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие директно се испраќаат до платежниот процесор на банката преку сигурносна врска помеѓу клиентот и банката, која собирањето, чувањето и обработката на личните податоци на клиентите ја врши согласно законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија и своите интерни акти со тоа што личните податоци на клиентите не ги задржува, споделува чува или користи за други цели освен за наплата на осигурената премија. Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која истите се собрани. Обработката на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша предходна согласност.
Дали можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со други физички или правни лица, органи или тела?
Сите вработени во нашите компании се обврзани да ги чуваат Вашите лични податоци и обучени да обезбедат тајност и заштита при ракувањето со истите и при нивната обработка.
Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.
Кои се Вашите права?
Доколку сте регистрирани на нашите интернет страници, врз основа на Ваше писмено барање имате право:
да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и/или
да пристапите до Вашите лични податоци и
да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.
Сигурност и заштита ВАШ ПРИЈАТЕЛ АД Прилеп ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.
Промени на оваа Политика за приватност ВАШ ПРИЈАТЕЛ АД Прилеп го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност. За секое нејзино изменување или дополнување ќе биде поставено видливо известување на оваа интернет страница.
Контакт Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:
Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.